Комуналец набави две нови возила

 

Денеска ЈП Комуналец во промет пушти две нови комунални возила. Првото е автосмеќарка со капацитет од 16 м3 што е доста практична и ќе се користи за собирање на сметот од централниот дел на градот, а второто теренско патничко возило е наменето за контрола на мини хидроцентралите и изворите „Лукар“.

 

Комунелец речиси целосно го обнови возниот парк. Во година ќе следува набавка на 4 нови возила од различен тип. Оваа најнова инвестиција која доаѓа од буџетот на Комуналец е вредна 83 илјади евра. Во посета на Комуналец беше градоначалникот Митко Јанчев кој нагласи дека со обновата на опремата се подига на висина комуналната дејност во Кавадарци.

Контакти

 

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 Водовод: + 389 43 414 018
 Хигиена: + 389 43 410 917
 Капела: + 389 43 416 660
Индустриска бб, 1430 Кавадарци

Ј.П Комуналец Кавадарци

Претпријатието дејноста од јавен интерес ја врши трајно и без прекин и неговата работа е јавна и транспарентна, во согласност со Законот, овој Статут и другите прописи со кои се уредуваат условите и начинот на вршење на дејност од јавен интерес.