Исчистени девет диви депонии во Кавадарци

 

Исчистени се девет диви депонии во градот Кавадарци, изнесени се пет илјади кубни метри смет. Јован Ристов, раководител на Работната единица за хигиена и зеленило при Јавното претпријатие “Комуналец”, информира дека во изминатиот период се стави крај на дивите депонии на улицата “Клинска” и кај спојот на улиците “Блажо Алексов” и “Ѓорѓи Соколов”, близу Белка зградите. Се чистеше и кај тениското игралиште на “Северен булевар”, но и на улицата “Ресавска”-запад. Комуналните работници дејствуваа и на “Западен булевар”, под гробиштата, на улицата “Сутјеска”, како и на улицата “Рајко Жинзифов”, кај детските реквизити на “Голи оток”. Исчистен е и нелегално оставениот смет во месноста “Коњски дупки”, на улиците “Црноречка” и “Ѓоре Брушански”. Отстранет е и дивиот отпад од кејот на реката Луда Мара во Ваташа, како и од мостот на улицата “Видео Смилевски”.-Нашите секојдневни активности покрај другото, опфаќаат и редовна грижа за хигиената во општината. Така ќе продолжиме и во иднина. Се со цел еколошка животна средина, нагласува Ристов.

 

Контакти

 

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 Водовод: + 389 43 414 018
 Хигиена: + 389 43 410 917
 Капела: + 389 43 416 660
Индустриска бб, 1430 Кавадарци

Ј.П Комуналец Кавадарци

Претпријатието дејноста од јавен интерес ја врши трајно и без прекин и неговата работа е јавна и транспарентна, во согласност со Законот, овој Статут и другите прописи со кои се уредуваат условите и начинот на вршење на дејност од јавен интерес.