Денеска ЈП Комуналец во промет пушти две нови комунални возила. Првото е автосмеќарка со капацитет од 16 м3 што е доста практична и ќе се користи за собирање на сметот од централниот дел на градот, а второто теренско патничко возило е наменето за контрола на мини хидроцентралите и изворите „Лукар“.