
Извештај за работењето на ЈП Комуналец Кавадарци од 01.01.2019 до 31.03.2019 година може да го превземете >> овде <<

Извештај за работењето на ЈП Комуналец Кавадарци од 01.01.2019 до 31.03.2019 година може да го превземете >> овде <<
Во оваа пролетна кампања на разубавување сољубичици беа вклучени три локации. Тоа се жардинерите пред старата стоковна куќа во центарот, кружниот тек кај автобуската станица, како и зелените површини во Паркот на Револуцијата.

Исчистени се девет диви депонии во градот Кавадарци, изнесени се пет илјади кубни метри смет. Јован Ристов, раководител на Работната единица за хигиена и зеленило при Јавното претпријатие “Комуналец”, информира дека во изминатиот период се стави крај на дивите депонии на улицата “Клинска” и кај спојот на улиците “Блажо Алексов” и “Ѓорѓи Соколов”, близу Белка зградите. Се чистеше и кај тениското игралиште на “Северен булевар”, но и на улицата “Ресавска”-запад. Комуналните работници дејствуваа и на “Западен булевар”, под гробиштата, на улицата “Сутјеска”, како и на улицата “Рајко Жинзифов”, кај детските реквизити на “Голи оток”. Исчистен е и нелегално оставениот смет во месноста “Коњски дупки”, на улиците “Црноречка” и “Ѓоре Брушански”. Отстранет е и дивиот отпад од кејот на реката Луда Мара во Ваташа, како и од мостот на улицата “Видео Смилевски”.-Нашите секојдневни активности покрај другото, опфаќаат и редовна грижа за хигиената во општината. Така ќе продолжиме и во иднина. Се со цел еколошка животна средина, нагласува Ристов.
Претпријатието дејноста од јавен интерес ја врши трајно и без прекин и неговата работа е јавна и транспарентна, во согласност со Законот, овој Статут и другите прописи со кои се уредуваат условите и начинот на вршење на дејност од јавен интерес.
Средствата за работа на Претпријатието се обезбедуваат од: